
ТЕРМОВИЗИСКА ИНСПЕКЦИЈА КАЈ ФОТОВОЛТАИЧНИ ЦЕНТРАЛИ
Дали е потребна термовизиска инспекција?
ДА!
Што е целта на термовизиска инспекција?
Целта е да се постигне:

Оптимизирање на процесот на производство на електрична енергија,

Минимизирање на загубите во производство


Обезбедување на цврсти докази (термовизиски материјал) во случај на рекламација/осигурителни полиси.
Тековно одржување и превенција од големи хаварии


=

Одржувањето на фотоволтаични централи е исцрпувачка работа која може да трае со денови, седмици па и месеци доколку се работи за големи централи, а се работи со конвенционалните испитувачки методи или рачна термална камера.
Со нашата напредна дронска термовизиска инспекција:
Се скратува времето на инспекција (1:5 дронски/рачно),

Се избегнува високата цена на ангажирање на дополнителен технички персонал,

Инспекцијата се врши без прекин на работниот процес на централата,

Прецизно се лоцираат сите аномалии/дефекти.

После направената инспекција, во најбрз можен рок клиентот добива детален извештај во кој се опфатени сите детектирани аномалии/дефекти на фотоволтаичната централа.